Актуелениот собраниски спикер Талат Џафери треба да ја свика конститутивната седница на новиот парламентарен состав, но нејзиното одржување ја проблематизира неговата здравствена состојба, пишува Фактор.мк.



Талат Џафери е негативен на коронавирусот, но е на Инфективна клиника со белодробен наод.

Новиот парламентарен состав треба да се свика најдоцна до 4 август.

Според собранискиот деловник тој може и да ја свика седницата односно да го потпише решението, а да не преседава со неа.

Во таков случај таа улога ќе има најстариот новоизбран пратеник од актуелниот нов парламентарен состав, а тоа е Стојан Миланов.