Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, гарантира дека неговата партија нема да биде дел од следната влада ако ги загуби парламентарните избори напролет од опозицијата во албанскиот политички блок макар и со еден глас разлика.
„ДУИ и да има еден глас помалку од друга политичка партија, од денеска потпишувам во име на ДУИ, во име на Али Ахмети, како портпарол на партијата, како потпретседател на партијата, тврдам, дека ДУИ под никакви услови нема да стане дел од Владата. Албанците во никој случај не можат да бидат претставени во Владата освен од тоа што ја одразува волјата на граѓаните“, изјави Османи во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.






