Нова голема полициска акција за апсење на нарко дилери почнала денеска наутро и уште трае на повеќе локации во скопско, дознаваме од извори во истрагата, јави Канал 5.
Се апсат дилери на кокаин и марихуана од организирана криминална група и тоа на повеќе локации во скопско, меѓу кои се Нерези, Арачиново, Радуша и др. Запленет е кокаин и марихуана. Од полицијата потврдуваат дека е во тек акција за апсење на нарко дилери, но детали најавуваат по завршување на акцијата.







