Полициски службеници во содејство со претставници на Државниот пазарен инспекторат и на Управата за јавни приходи вчера и денеска во раните утрински часови (12/13.02) извршија акциска контрола во угостителски објекти во Кавадарци.
Притоа еден угостителски објект е затворен, односно запечатен. При контролата затекнати се 28 лица без ковид-сертификати, како и осум лица кои работеле како обезбедување без да поседуваат лиценци за оваа дејност, по што тие се приведени.
Во синоќешните контроли во угостителски објекти во Кочани се пронајдени 39 лица кои немале ковид-сертификат, а двајца имале фалсификувани сертификати, соопшти полицијата.
Синоќа, во 4 објекти во Тетово биле затекнати вкупно 27 лица без задолжителните ковид-сертификати (потврди), а во два објекта затекнати се лица без соодветни лиценци, кои вршеле работа како обезбедување на објектите.






