Академикот Беџети на Абази му откри 8 можни осомничени за случајот ,,Дипломата на синот на Талат”

Деканот на универзитетот на југоисточна Европа Абдулменаф Беџети на шефот на обвинителството за организиран криминал Ислам Абази му посочува 8 членови на комисијата за правосуден испит кои дозволиле полагање без соодветно образование со што се укажува на кривично дело кое затоа што е сторено од поголема група луѓе да се третира како организиран криминал.



Академик Беџети тврди дека од страна на Штуловиот универзитет не се работело за издадени дипломи, туку за постапка за издавање на одредени уверенија кои немаат валидност во правниот промет.

,,Не се работело за дипломи, туку се работи за постапка за издавање на одредени уверенија кои всушност немаат валидност во правниот промет. Тие уверенија се во временски период од две-три недели откако се завшрува со сите обврски. Потоа студентот добива уверение дека дипломирал по соодветна студиска програма, на соодветен факултет, во случајот правен факултет, во тригодишна програма каде се наведени 180 европски трансфер кредити”, вели деканот кому не му е јасно зошто членовите на комисијата не го почитувале законот.

Академик Беџети вели дека друго е што некој влегол во друга инстанца без да ги исполни пропишаните услови за кои се бараат четиригодишни студии. Вели дека не ги знае тие што биле во комисијата што ги пропуштала недипломираните студенти, меѓу кои и синот на спикерот на Собранието Талат Џафери.

Кои биле членовите на комисијата кога се случил скандалот:

Изјавата на Беџети е доволна причина шефот на обвинителството за организиран криминал Ислам Абази да покрене истрага за членовите на комисијата кои направиле превид, сториле злоупотреба на службена должност, учествувале во примање на мито, не извршиле должен надзор, или сториле друго дело поврзано со корупција.