Академик Божин Павловски вели дека во државата главен виновник е лошото водење на власта и дека по извесната катастрофа на социјалдемократите, цела вина ќе се истури врз Димитар Ковачевски.
„Мој старечки совет до овој млад човек: Бегај од местото што, според демократските правила, не ти припаѓа“, вели Павловски во изјава за МКД.мк.
„Дури и многу твои сопартијци те доживуваат како диво месо. Еден ден, ако поминеш низ изборниот процес, ќе си конкурираш за премиер. Зошто да не, и ти си амбициозен човек.
Убеден сум дека ќе ги скратиш агониите и стравовите на сите мирни граѓани што си ја сакаат Македонија. А,проблемите што ти не можеш да ги совладаш ќе си се премавнат.
Не пукај во празно, опозицијата не ти е виновна. Граѓаните не те сакаат затоа што си инсталиран. Диво месо во кревка демократија.
Послушај ме, не ја опустошувај нашата прва државотворна партија“, вели Павловски по вчерашната собраниска седница за уставните измени.







