Академик Катица Ќулавкова е добитник на орденот „Витез на уметноста и книжевноста“ што го доделува Министерството за култура на Франција „за значително збогатување на француското културно наследство“.



„Чест и радост. Благодарам Франција“, напиша на Фејсбук редовниот член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).