1. Етноцид е тенденциозен помор на една култура, на еден етнос (за разлика од геноцид). Ни во апокалиптичните фикции не може да се замисли таков етноциден и автодеструктивен заплет каков што е македонскиот. Веќе не се работи за синдром на самоуништување, туку за груба стварност.
2. Во исто време ни се случува катастрофален масовен биоцид, како последица на токсичниот воздух на којшто сме изложени систематски повеќе години и како последица на неконтролираниот и непревениран развој на епидемијата со Ковид-19.
3. Ако одговорните не нудат решение, граѓаните треба да понудат.
Академик проф. Катица Ќулавкова





