Академик Ќулавкова до атеистите: Поривот да се верува е длабоко човечки

Академик Катица Ќулавкова со објаснување по големиот број на реакции на атеистите кои со сомнеж или негација зборуваат за религијата и вербата во Бог.



“Како да ви кажам дека нема врвни писатели и филозофи кои не биле на некој начин набожни!

И дека нема совршени уметнички дела кои не се загледани од онаа страна на земното!

И дека потрагата по совршенството е копнеж по божественото!

И дека поривот да се верува е длабоко човечки!”, пишува Ќулавкова која дава прецизно и јасно објаснување за тие што во обид да ги оспорат религиозните системи честопати дури и се шегуваат ма темата верба во Бога.