Академик Катица Ќулафкова со порака до сите кои имаат дилеми за Гоце Делчев и кои имаат сомнежи за неговото значење и улога во македонската историја.
“Кога ја релативизирате важноста на Гоце Делчев, вие заправо ја повредувате ХИМНАТА на македонската држава, оти Гоце е дел од химната, а химната е симбол на државноста, па вие, всушност, ја омаловажувате сопствената држава Македонија”, пишува Ќулафкова откако од официјална Софија дојде абер дека Гоце Делчев е чист Бигарин а некои личности блиски на власта изразија подготвеност да се преговара со Бугарија на оваа тема со цел да се избегне нова блокада за НАТО и ЕУ.





