Академик Ќулафкова: Преговорите за името покритие за ревизија на Македонија?

Академик Катица Ќулафкова јавно го поставува прашањето кому му одговара прашањето за името да биде параван за процесот на создавање на една нова Македонија различна од сегашната.



“Грците ли бараа да се исфрли АСНОМ и да се воведе Охридски Рамковен договор во Преамбулата на Уставот? Чиј интерес е преговорите за името на државата да се претворат во покритие за ревизија на државата”, прашува академик Ќулафкова.

Од јавно достапните документи досега можеше да се види дека Грција бараше од уставот да се исфрлат сите елементи кои говорат за обединување на македонскиот народ но грчката страна ниту еднаш не спомена ниту побара во уставот да биде вметнат Охридскиот договор со кој Македонија добива нова уставна форма.