Академик Ќулафкова: Бојкотот е легитимен кога има измама на векот

Академикот Катица Ќулафкова потсетувајќи не на единствениот светол момент во годината што измина вели дека кога се случува измама игнорирањето на формалните обиди на власта за промена на името е легитимно.



“Испратете ја со убаво неубавата година во којашто имаше еден светол ден, 30 септември 2018, денот на силно изразената македонска волја и свест. Отпорот е став. Бојкотот е легитимен кога граѓаните се исправени пред измама на векот”, порачува една од ретките членови на Македонската академија на науките и уметностите која се противи на промена на името и уставот.