„Храната создадена од бугарски гени е нашето „оружје“ против пандемијата“, тврди бугарскиот академик Атанас Атанасов.
Тој – на прашањето зошто Бугаринот не може да се пофали со добро здравје, во споредба со жителите на другите земји на ЕУ – има одговор:
Јадеме 70% храна – растителна и животинска, со „туѓ“ геном, а треба да биде спротивно – да конзумираме 70% храна создадена од бугарски гени за да имаме поздрава нација.
Причината е меѓусебната компатибилност помеѓу гените на луѓето и растенија што растат на земјата каде што се луѓето родени.
Академикот смета дека во услови на „инвазија“ на увезена храна, која ја заменува домашната-бугарска, треба да се зачуваат ДНКта и семињата на сите вредни растителни сорти од бугарско поднебје, како и на ретките видови растенија и животни во една централна генска банка.
„Можеби ќе чини милиони, но ако се најдат средства од поддржувачите на идејата, тоа ќе биде гаранција за многу постабилно здравје на Бугарите и развој на земјата како просперитетна во земјоделското производство“, смета академикот.







