МАНУ денеска усвои предлог нејзиното ново име да гласи – Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ.



„По обемна и конструктивна дискусија се заклучи да се упати мислење до Владата на Република Северна Македонија според кое мнозинството членови на Академијата го претпочитуваат името Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ, соопштуваат од МАНУ.

Според академиците, задржувањето на референцата на државата, односно на кратенката МАНУ, како составен дел на новото име, има суштинско значење, бидејќи од една страна е поврзано со нашите идентитетски прашања, а од друга страна со ова решение отпаѓа потребата од промена на веб-адресата на Академијата – manu.edu.mk.

Одлуката за преименување на Академијата ќе ја донесе Владата, почитувајќи го утврдениот предлог на мнозинството членови на Академијата, јавува НОВА ТВ.