Тројца членови на едно семејство биле застрелани додека кампувале во државниот парк во источниот дел на сојузната држава Ајова во петокот, а осомничениот напаѓач починал од прострелна рана што самиот си ја нанел, соопшти полицијата.
Полицајците пронајдоа три лица фатално застрелани во шатор во кампот, рече помошникот директор на дивизијата Мич Мортвед, пренесе АП.
Трите жртви биле во роднинска врска, рече Мортвед. Подоцна во петокот, Одделот за јавна безбедност во Ајова ги идентификуваше како Тајлер Шмит, 42, Сара Шмит, 42 и Лулу Шмит, 6, сите од Седар Фолс, Ајова.
Убиствата ги извршил 23-годишниот Ентони Шервин, за кој се вели дека немал криминално досие.






