Ајфеловата кула може да падне – ја јаде ‘рѓа!?

Од 2010 година, Ајфеловата кула во Париз прогресивно ‘рѓосува и доколку тоа итно не се санира, таа може да се урне, пишува списанието „Маријан“, повикувајќи се на доверливи документи.



Се истакнува дека Ајфеловата кула е во лоша состојба и дека „на некои места ‘рѓата целосно го кородирала металот“. Причината е што железото од кое е направен споменикот доаѓа во допир со вода и кислород на оние места каде што бојата отпаѓа од застареноста. Можеби ќе ве интересира

Во 2018 година, почна 20-то реновирање на кулата – за Олимпијадата во 2024., што вклучуваше чистење на една третина од структурата и нанесување два слоја нова боја, за да се ограничи корозијата. Сепак, поради пандемијата со коронавирус, работата мораше да се одложи. Поради ова, сега се чини дека поправката ќе биде „козметичка“ и ќе покрие само пет отсто од Ајфеловата кула.

– Веројатно нема да падне утре изутрина, но навистина не е во многу добра состојба – изјави официјален претставник за весникот, кој претпочита да остане анонимен. Плусинфо