„Новата Влада, што се очекува да се формира, не е ништо друго освен Влада на ноќни пазарења.’ – кажа Омер Ајдини од опозициската Алијанса на Албанците во емисијата ‘Патот кон’ на ТВ Алсат.“ – пренесе информативниот портал на албански јазик „ин7“.
„Ин7“ пренесува: „Ајдини истакна дека денес се расправа кој колку ќе добие, оти има незадоволства кој кои дирекции ќе ги преземе, значи, дека, според него, се работи само раководни позиции и нималку за програма. ‘Станува збор за позиции преку кои ќе може да се изнудува власта, или пари од државниот буџет. Нималку не се расправа за концепти ниту за иднината на оваа држава.’ – нагласи Ајдини.“
„Тој рече дека тие не се знае кој е планот на Владата, за да се реши проблемот на Владата со електричната енергија, како и за зголемувањето на нејзината цена.“
„Tенденцијата на коалициските партнери е кој може да земе позиции во Владата и потоа да изнудува од државниот буџет“, рече Ајдини во емисијата ‘Патот кон’ на ТВ Алсат, додавајќи дека оваа Влада има слаба стабилност“.





