Ајдини од Алијанса поканет на разговор во полиција: „Не се плашиме од режимот, со народот сме!“

Омер Ајдини, претседателот на Младинскиот форум на опозициската Алијанса на Албанците, е поканет на информативен разговор во полицијата на Македонија.“ – објави весникот на албански јазик „Лајм“.

„Лајм“ ја пренесува објавата на Ајдини на фејсбук, откако ја добил поканата:



“Ме поканија на информативен разговор во Скопје. Не знам какви информации сакаат да добијат освен она што е веќе познато. Но, како и да е, утре ќе ги информирам за една работа: попусто се обидувајте да не исплашите! Не се плашиме од овој режим, затоа што сме на вистинската страна, на страната на народот!“

Инаку, Омер Ајдини во последно време се огласува со остри критики на адреса на актуелната власт, која тој во последниот настап во дебатна емисија на ТВ Алсат ја нарече „хибридниот режим на СДСМ – ДУИ“..