„Во последните две години беа скршени трите најважни митови за Али Ахмети, кои ја одржаа во живот неговата митска фигура кај многу луѓе. Сега само казната го чека!“ – нагласува Омер Ајдини, претседател на Младинскиот форум на Алијансата за Албанците и политички истражувач, во својата колумна со наслов „Трите митови за Али Ахмети, кои беа скршени за две години“, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
Ајдини пишува: Во последните две години беа скршени трите најважни митови за Али Ахмети, кои ја одржаа во живот неговата митска фигура кај многу луѓе:
1. Скршен е митот дека Али Ахмети е чист и оти тој и неговото семејство немаат материјална корист од 20-годишното владеење. Се покажа спротивното. Али Ахмети има куќи и вили вредни стотици илјади евра; неговиот зет, неговата ќерка, неговиот син, неговиот брат имаат бизниси со многумилионски промет. Врвот е 24-годишниот син на братот на Али Ахмети, кој ја купи „Соравија“ за 35 милиони евра. Сево ова покажа дека Али Ахмети изградил своја империја во време кога албанските мајки тагуваа, поради своите синови, кои избегаа во Германија.
2. Скршен е митот дека Али Ахмети е „главниот ум“,, кој ги извршува врши лично „тешките работи“. Се покажа поинаку. Во најтешките случаи, некој друг играше со шаховските фигури: еден од нив е Изет Меџити, но заслугите ги преземаше Али Ахмети; денес во недостиг на снаодливи и способни луѓе Ахмети талка по туѓи врати само за да најде спас за својата глава, но останува под знак прашалник дали ќе го најде спасот!
3. Скршен е митот дека Али Ахмети не може да биде победен. Али Ахмети сега оди и неколку пати го моли Арбен Таравари во општина Гостивар за предизборна коалиција. Исто така, тој повикува непостоечки партии да му се придружат. Сево ова покажува дека тој стана многу ранлив и многу послаб од кога било досега, поради немањето поддршка од народот. Неговата политичка судбина зависи од желбата на другите да го спасат.
Затоа, ова е идеална можност Албанците од Македонија да го покажат својот општествен и политички капацитет, казнувајќи го овој неуспешен губитник со својот глас. Во спротивно, ќе останеме единствен случај во Европа на немање колективен капацитет да го казниме оној, што не малтретираше цели две децении.
Митот падна, сега само казната го чека!





