„Во Македонија е извршен геноцид врз православните Албанци. Овие луѓе повеќе не живеат во нивните места, ги напуштија, но зошто? Не беа малку, беа 16 села со повеќе од 250 илјади православни Албанци ширум Македонија. Кој е одговорен за овој геноцид, или да го наречеме историска несреќа? Зошто се молчи?“ – вели д-р Ејуп Ајдини, албанолог и професор на Државниот универзитет во Тетово, во неговата колумна со наслов „Предизвиците за спас на националниот идентитет на православните Албанци во Македонија“, во која подиректно се задржува на „православните Албанци кои живеат во Река, на просторот меѓу Гостивар и Дебар“. Колумната на Ејуп Ајдини ја објави весникот на албански јазик „Лајм“.
Ајдини пишува: „Планот на словенската политика отсекогаш функционирал така што православните Албанци ќе се претворат во Словени, муслиманските Албанци во Турци, а католиците да се елиминираат. Нема потрагична појава за еден народ од бришењето на целината на неговиот национален идентитет. Несреќата на Албанците од Река, особено православниот дел, беше тоа што тие останаа верски одвоена заедница од остатокот од албанското мнозинство во Македонија и од албанската православна заедница во целина.“
Голем дел од тие православни Албанци со децении се плашат да се изјаснат како албанска националност. Славомакедонската власт по секоја цена се обидуваше да го промени нивниот национален идентитет, но фактите зборуваат поинаку. Продлабочената анализа покажува дека во 49 отсто од основните зборови доминира албанското потекло на жителите на Горна Река, додека словенското потекло на зборовите е застапено со 23 отсто, односно 24 отсто, додека само 8 отсто се со турско потекло. Реканците не се албанизирани Словени, како што тврдат словенските ‘истражувачи’, туку се Албанци со словенски влијанија. Монистичката власт им наметнала нови презимиња на семејствата на православните Албанци од горнореканските села. Но, по 90-тите години од минатиот век започнува преиспитувањето и заживувањето на идентитетот на Албанците од Река.“
„На оваа тема се одржани повеќе научни конференции во Гостивар, Тетово, Чикаго, во Маврово и тн. Убиената совест на православните Албанци од Река е разбудена и јавно, тие не само што го искажуваат својот национален идентитет, туку и чинат напори да создадат чувствителност за проблемот кај остатокот од оваа заедница. Според некои податоци, има повеќе од 250 илјади православни Албанци, кои се уште се плашат јавно да го откријат својот национален идентитет. Православни Албанци се и проф. др. Бранислав Синадиновски, предавач на повеќе универзитети во светот и истакнат дипломат, академик от Матеја Матевски, интелектуалците Бранко Манојловски, Урош Матевски и тн.“
„Овие луѓе повеќе не живеат во нивните места, ги напуштија, но зошто? Не беа малку, беа 16 села со повеќе од 250 илјади православни Албанци ширум Македонија. Кој е одговорен за овој геноцид, или да го наречеме историска несреќа? Зошто се молчи? Токму овие нивни села и оваа албанска православна етничка заедница доживуваат најтрагичен степен на асимилација и на дезинтеграција како колективна целина.“
„Би било гордост пред Бога и пред народот албанската заедница како целина да го преземе овој товар на себе и да и го врати животот на Река каков што бил во неговата оригиналност, бидејќи сме поврзани како еден народ, еден јазик, едно знаме и традиција, од една крв. Тука лежи верската и националната гордост на цивилизираниот народ.“
„Сега православните Албанци од Река дејствуваат уште пообединето и се тргнати во акција, особено преку здружението „Јосиф Багери“ кое е основано и кое функционира пред неколку години. Исто така, и во многу други места во Македонија, како во Кавадарци, Битола, Охрид и пошироко живеат значителен број православни Албанци, кои имаат длабоки рани и сè уште не можат јавно да го искажат својот културен, јазичен и национален идентитет во целина и да се вратат кон националното стебло како враќање кон браќата по крв. Затоа е потребно да се изградат механизми за одбрана од кој било национализам.“ – нагласува Ејуп Ајдини во својата колумна.





