„Објавувањето на списокот со имиња на вработени со договори во Општина Тетово за време на раководството на Теута Арифи предизвика бројни реакции во јавноста, бидејќи од оваа листа може да се види дека општината давала плати на лица, кои не извршиле никаква работа. Но, имаше случаи каде списокот се користеше и за напади и обвинувања, во кој случај имињата на списокот беа злоупотребени заради оцрнување на политичките противници. Таков беше случајот со претседателот на Младинскиот форум на опозициската Алијанса на Албанците Омер Ајдини.“ – објави весникот на албански јазик „Лајм“.
„Лајм“ пишува: „Омер Ајдини стана предмет на напади на општествените мрежи, иако немаше земено плата од општина Тетово. Меѓутоа, на списокот се најде уште едно лице со име слично како неговото.“
„Ајдини на својот фејсбук – профил по овој повод напиша: ‘Жалам поради очајот, што ќе им го предизвикам на оние што шират омраза, но јас не сум лицето наведено на листата за исплаќани плати од општина Тетово. Се гледа матичниот број на лицето, што примило пари и оти тоа е родено 1996 година, значи дека е помлад од мене 4 години. Може да се види и која е неговата адреса во Тетово. Не зема пари од ајдуци како Теута Арифи искрен активист на Алијансата на Албанците.“





