„Ако е точно како што тврди СДС; дека ВМРО-ДПМНЕ се плашело од Ковачевски тогаш нека си ги послуша пратениците и ајде на избори.



СДСМ не демантира дека имаат пратеници кои им бараат предвремени избори. А не демантираат затоа што знаат дека тоа е вистина и дека се повеќе пратеници и партиски функционери не се согласуваат со Ковачевски и Зечевиќ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Потенцираат дека Затоа и Ковачевски и Зечевиќ бегаат од избори, затоа што се свесни дека ќе изгубат катастрофално, а така ќе останат без тендерите и милионите кои ги крадат од народот.

„Ако некој се плаши, тоа се токму тие двајца Ковачевски и Зечевиќ кои се плашат да се соочат со народот, и се плашат од одговорноста која следи после изборите. Доколку СДС сметаат дека Ковачевски и Зечевиќ се страв и трепет нека излезат на избори, штом се толку убедени дека се силни нема потреба да бегаат, истакнаа тие.

Додаваат дека тие бегаат, за да може кумот на Ковачевски и фирмите од неговото потесно семејство уште некој месец да се шират низ Македонија.

„Реалноста е дека се исплашени, и гледаат како да ги заштитат криминалите, а тие се заложници на нивните газди од Зајас и Струмица“, велат од партијата.

Од СДСМ претходно во соопштенија велат дека ВМРО ДПМНЕ се плашат од Ковачевски и Зечевиќ.

„Очајни се лагите на ВМРО -ДПМНЕ. Преполните сали од кои ечеше поддршка за европска иднина и за политиките на СДСМ, е тоа што го плаши ВМРО ДПМНЕ. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, не кријат дека се заложници на Апасиев и противници на европскиот пат на државата“, рекоа од СДСМ.