Ајде да ја викаме само „Македонија“, предлага британски европратеник

Британскиот европратеник Чарл Танок предлага и понатаму да се користи кратката форма „Македонија“ наместо новото име со додавката „Северна“ за македонската држава.



„Ајде да ја викаме само Македонија кратко, како што секогаш сме правеле разговорно ? ‘Република Северна Македонија’ е наменета за службена употреба, но Велика Британија никогаш не го употреби акронимот ФИРОМ внатрешно во документите на Обединетото Кралство. Пријател сум на оваа мала земја опкружена со копно многу години“, напиша на својот профил на Твитер членот на Европски парламент од британската Конзервативна партија.