„Додека студентите секојдневно треба да прават пресметки и да стравуваат дали ќе им стигнат 140 денари на ден за убав и квалитетен оброк, функционерите се “гоштеваат” штедејќи врз грбот на студентите, објави на Фејсбук „Студентски отпор“



„Иако имаат поголем стандард од нас студентите, иако си ги зголемија веќе високите плати за 78%, сепак функционерите одлучуваат студентите да гладуваат додека тие комотно седат на кожни фотелји без грижа и совест за студентите.

Не е подобра ситуацијата во студентските домови. Студентите кои престојуваат таму, се жалат дека соочуваат со низа проблеми кога е во прашање храната, укинат им е појадокот, често наоѓаат инсекти во оброците, минатата година студентите од Студентскиот Дом Пелагонија се затруја со храна.

На функционерите им порачуваме : “Ајде да го замениме нашиот сув и бајат леб за вашите функционерски оброци!

“Студентски Отпор будно ќе ја следи ситуацијата во наредниот период“ се вели во објавата на Фејсбук.