Ајдари: Деца како Вања убиваат Македонци, под влијание да се дестабилизира Р*М! – Ако треба, Албанците убиваат мажи и не се кријат!

„Каква асоцијација постои меѓу убиството што се случи во последните неколку дена во * Македонија и другото убиство кај Смилковското езеро пред 11 години?! Убиството е исто, сурово и за исти цели. Но, убиството на 14-годишното девојче Вања не е дело на Албанците, ниту на исламскиот радикализам. Ако е потребно, Албанците убиваат мажи, а не деца и не ја скриваат својата рака! Вакви дела вршат Македонците, потпаднати под влијание на разни кругови, кои имаат интерес да ја дестабилизираат земјата.“ – вели Бедри Ајдари во својата вџашувачка колумна со наслов „Убиството на 14-годишното девојче е слично како убиството кај Смилковското езеро“, објавена на порталот на албански јазик „Лидери.мк“, во која Ајдари се впушта во опасни алузии и поделби врз етничка основа меѓу оние, кои убиваат секого, и оние, кои убиваат само некого, ако затреба! Бедри Ајдари е роднина на осуден во случајот „Монструм“ за петтемина убиени Македонци кај Смилковското езеро во 2012 година. Тој беше и еден од предводниците на протестите поради судскиот процес „Монструм“. Член е на Алијансата за Албанците.



Во својата колумна Ајдари пишува: Да го продадеш детето за да го убие некој друг, да земеш пари од убиецот, за да го замолчиш гласот на разумот, да имаш за цел дестабилизација на земјата со овие валкани работи, тоа не е дело на Албанците, ниту на исламскиот радикализам. Ова е дело на други, на кои им е во крвта убивање на сопствените деца, за да им ја префрлат потоа вината на другите! Македонските медиуми не вршат пропаганда за христијанска радикализација, иако елементите за такво нешто се видливи и за слепите, ниту државниот апарат отишол во куќите на осомничените со близу 1000 специјалци и не им вршел тортура на осомничените и на нивните семејства.  Ова се однесува и на сервилните Албанци во политиката, кои не го забележуваат ова.

Ако е потребно, Албанците убиваат мажи, а не деца и не ја скриваат својата рака! Вакви дела вршат Македонците, потпаднати под влијание на разни кругови, кои имаат интерес да ја дестабилизираат земјата. Потсетуваме на некои дела, кои ги направила црната рака: случајот „Панда“, случајот „Монструм“ (Смилковското езеро – заб.прев.), случајот „Населба на смелите“ (случајот „Диво насеље во Куманово од 2015 – заб.прев.), случајот „Бањска“ (судирот на северот на Косово 2023 – заб.прев.) и последниот случај „Вања“.

Кога станува збор за убиствата и државните органи, како МВР, обвинителството и судовите, се поставува прашањето: дали се тие на рамништето на задачата со своето однесување и со законската одговорност за овие дела?! Гаврил Бубевски е истиот обвинител, кој беше во случајот „Монструм“ и сега во случајот „Вања“, а адвокатот на главниот осомничен му помогна да отиде во Белград, со цел да избега од правдата! А Фејзи Азири (осуден на 15 години затвор во случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковско езеро во 2012 – заб.прев.) беше осуден за исто дело само врз основа на предрасуди и лични желби на некој, што сакаше да го задржи Фејзи со децении зад решетките на затворите во Македонија!

Фејзи го обвинија со цел да го осудат на доживотен затвор, потоа покренаа против него две кривични дела, кои не ги сторил никогаш и бараа максимална казна затвор од 20 години, а за адвокатот на Љупчо Палевски не одредија ниту минимален притвор.