Официјалното видео на македонскиот претставник „Ај Кју“ за песната „Изгубено и најдено“ е десетто најгледано во март на официјалниот Јутјуб-канал на музичкиот натпревар „Песна на Евровизија“.
Во конкуренција на 43 земји-учеснички, со што е израмнет рекордот од 2008 и 2011 година, најгледано е видеото на Израел. Второ по гледаност е тоа на Шпанија, трето на Чешка, а пред Македонија се и Норвешка, Бугарија, Русија, Холандија, Шведска и Белгија по тој редослед.
Годинашниот 63. „Евросонг“ ќе се одржи од 8 до 12 мај во Лисабон, а Македонија ќе учествува во првата полуфинална вечер.





