Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вели дека Рамиз Мерко треба да биде под истрага и дека тој самиот не се противи на такво нешто, бидејќи според него, за тоа било гласано во Генералниот совет.
Во ексклузивна изјава за ТВ21, Ахмети апелираше да се отвори истрага за целокупната активност на ДУИ, односно за сите функционери, почнувајќи токму од него.
„Господин Мерко мора да биде под истрага и апсолутно господин Мерко не се противи на ваквата постапка – рече Ахмети.
Тој рече дека треба да се отвори истрага за целокупната активност на Демократската унија за интеграција, од 2002 година до сега.
„Не можеме да станеме партија, обвинители и истражители и да одговараме на секоја клевета, ниту да работиме на откривање на вистината, тоа им припаѓа на органите на правдата.
Ние цврсто стоиме на ова мислење да се отвори истрага за целокупното делување на ДУИ, за сите функционери, почнувајќи од мене.
Господинот Мерко не избегнува да се соочи со истрагата и бараме што поскоро да се открие целата вистина“, изјави Ахмети за ТВ21.
Лидерот на ДУИ, на внатрепартиските шзбори што се одржуваат денеска гласаше во Кичево.






