На денешнотоодбележување на 21 годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор, документот со кој заврши конфликтот во 2001 година, лидерот на ДУИ, Али Ахмети порача дека Македонија за пет години ќе стане членка на ЕУ.
Според него ќе продолжи ангажманот за мир, стабилност и иднина на државата.
„Како што сме во НАТО, многу скоро, драг Ковачевски ќе станеме и членка на ЕУ, ќе ги исполниме нашите обврски според стандардите, ќе се бориме без компромиси против криминалот, корупцијата и функционирањето на правната држава и јас сум многу сигурен дека сите заедно во рок од 5 години ќе бидеме полноправни членки на ЕУ“, изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ пренесе Алсат.
Речиси целата влада предводена од премиерот Димитар Ковачевски, но и неговите коалициски партнер Али Ахмети денеска во тетовската индустриска зона присуствуваа на поставување на камен темелникот на изградба на фабрика за електрични автомобили која тврдат само во една фаза чини 130 милиони евра.







