Ахмети: „Побаравме помош и ЦИА и ФБИ да спроведат меѓународна истрага за ‘Диво насеље“

„Во интервјуто дадено на 19.март 2022 година во емисијата „N’Demos’, емитувана на ТВ Канал 10 во Приштина, Косово, лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети кажа дека околу случајот ‘Куманово’ била побарана помош и од ЦИА и ФБИ од САД, за да тие спроведат меѓународна истрага, бидејќи затворениците во врска со тој случај се злоупотребуваат.“ – пренесува информативниот портал на албански јазик „Лидери.мк“.



Инаку, „случајот Куманово“ е жестоката оружена престрелка во населбата „Диво насеље“ во Куманово на 9 и 10.мај 2015 година меѓу припадниците на македонската специјална полиција и околу 30-члена вооружена група, упадната од Косово во Македонија, од која извесен број припадници се осудени на доживотни затворски казни за тероризам. Во тој оружен судир тогаш загинаа 8 македонски полициски специјалци, а беше објавено дека на местото на пукањата биле пронајдени и 14 загинати членови на таа група.

„Лидери.мк“ пренесува делод акцентите од ова интервју на Али Ахмети, првин цитирајќи ги неговите зборови дека лично се познавал со учесниците во судирот во „Диво насеље“, или со некои од нив: “Ги познавав, тие беа мои соборци и не е лесно да загубиш свои соборци.

„Ахмети натаму рече дека од почетокот барал овој случај да биде под меѓународна истрага. ‘Побарав да се повтори овој процес, овој процес да го следи меѓународната заедница. Во тоа време и реков на Викторија Нуланд, сега потсекретар за политички прашања во американскиот Стејт департмент: ‘Дали е можно да ни помогнете со нешто, независна истрага да спроведат институции од меѓународно значење, а во овој случај ЦИА и ФБИ?’ – изнесе Ахмети во интервјуто.“

„Ахмети рече и дека за кумановскиот случај треба да зборуваат лицата, кои ја издржуваат казната. ‘Оние кои ја отслужуваат казната треба да ја кажат вистината. Не може да се служиме со предрасуди, со конспиративни теории. Овие луѓе се уште се злоупотребуваат.’ – нагласи лидерот на ДУИ Али Ахмети.“

„Меѓу другото, тој кажа дека овој случај треба детално да се истражи, бидејќи вмешаните во случајот ‘Куманово’ се злоупотребуваат од лица, кои имаат намера да ги остварат своите цели на власт.