„Првиот човек на Демократската унија за интеграција на Али Ахмети на денешната прес-конференција го коментираше и вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ, порачувајќи дека таа како партија ‘не треба да упаѓа во стапицата на апетитот за власт.“ – јави ТВ 21.
ТВ 21 ги пренесува искажувањата на Ахмети на оваа прес-конференција: „Правото на политичките партии, на граѓанското општество е право кое е загарантирано со Уставот. Ова право го искористи ВМРО заедно со коалициските партнери. Но, кои се коалиционите партнери е прашање на ВМРО-ДПМНЕ, со Левица, со партијата на Бачев, која е создадена со мозокот и идеологијата на Путин, заради ширење низ Балканот. Ова е болно за мене, многу искрено го кажувам, затоа што ВМРО е опозициска партија и не треба да упадне во стапицата на апетитот час поскоро да дојде на власт.“
„Лидерот на ДУИ Ахмети рече дека ‘на Скопје не му требаат сенките на знамињата на Русија“ и го повика Мицкоски ‘да внимава при изборот на партнерите, со кои гради стратегии’.“
„Ако е определен да придонесува, да работи за една стабилна иднина и за безбедна иднина, мора да одбира пријатели и партнери, со кои комуницира, соработува и со кои гради стратегии. Присуството на знамињата на Русија, на држава која ја окупираше и и ја одзеде слободата на друга држава, не на ВМРО ДПМНЕ, туку и нам, како на држава, не ни прави чест, да ги креваме овие знамиња среде Скопје.’ – рече Али Ахмети.“





