Ахмети влезе во сопствената замка филозофирајќи за малцинствата и мнозинствата

Според изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети дадена пред три дена за состојбите во партијата малцинствата треба да се придружуваат на мнозинствата и тоа е најдемократско начело.



Со тоа Ахмети паднаа во замката од која тешко ќе се извлече затоа што според ова начело Албанците во Македонија треба да се придружуваат на македонското малцинство затоа што тоа е најдемократското начело.

Македонското мнозинство не сака промена на уставот и според начелото на Ахмети Албанците треба да го почитуваат тоа.

Претседателот на ДУИ по средбата на Централното претседателство која се одржа на прво април во седиштето на партијата во Мала Речица изјави дека фракции во ДУИ не се дозволени, откако членовите на „Огнената група“ претходно најавија дека ќе делуваат како фракција во партијата.

„Фракција врз основа на статутот на ДУИ и одлуките на Конгресот, не се дозволени. Да го почекаме Конгресот, на Конгресот јас повторно ќе предложам, со најдобра цел да победи мојот предлог за непризнавање на фракции во ДУИ. Секоја постапка надвор од Статутот е анархија. А анархијата е најголемиот непријател на демократијата“, вели Ахмети.

Тој додаде дека начелото е малцинството да се придружи на мислењето на мнозинството и дека тоа е најдемократското начело, пренесе Радио Слободна Европа на македонски јазик.

Ахмети од тогаш барем јавно не го сменил ставот дека малцинството секогаш треба да се приклучи на мнозинството.