„ДУИ и јас како негов лидер она што го мислам тоа и го правам, не зборувм напразно. Консензуалниот кандидат е договаран и преговаран затоа што не од интерес само на Македонците, туку и на Албанците и ние го поддржавме овој концепт.



Ако во почетокот бев скептик дека концептот ќе го поддржат Албанците, сега сум сигурен дека на гласачите им е појасно што значи тоа. ДУИ има од 100 до 150.000 гласачи и јас сум сигурен дека сите до еден ја разбрале идејата и ќе му дадат поддршка на консензуалниот кандидат“, рече лидерот на ДУИ Али Ахмети на трибина во Скопје од која повика да се гласа за Пендаровски.

Да ве потсетам, додаде тој, дека и спикерот на парламентот, Талат Џафери, беше изгласан консензуално, го гласаа и Албанци, и Македонци и други. Тој концепт, рече Ахмети, почна да се применува институционално почнувајќи од парламентот.

Ахмети рече дека Албанците сонуваат претседателот на државата да биде Албанец и рече дека не е невозможно тоа да се оствари.

„Ве уверувам дека таа идеја ќе биде реалност еден ден и затоа ние сега во овој момент треба да го поддржиме Стево Пендаровски и да бидеме свесни дека не е невозможно еден ден Албанец да биде претседател на државата“, рече Ахмети.