Ахмети: Уставни измени ќе се изгласаат, нема враќање назад – се реализирало сè што сум кажал досега!

„Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети порача дека уставни измени ќе има. Тој вели дека се реализирало сè што кажал досега.“ – објави ТВ 21.

ТВ 21 пренесува нагласки од целото интервју со Ахмети, кое ќе го емитува вечерва во 20 часот: „Јас сум секогаш оптимист. Дали некогаш сум звучел песимистички? Колку години ме следите во политиката? Дали се согласувате дека сè што сум рекол досега се реализирало? Дали има нешто што сум рекол а не испаднало така? Еве сега ви кажувам, УСТАВНИ ИЗМЕНИ ќе има! Не треба да седиме на два стола, не треба да сме песимисти, не треба да сме разочарани, НИЕ СМЕ ВО ЗАЛЕТ, ќе ги поминеме сите пречки до зачленувањето во ЕУ. Нема назад!“ – вели Ахмети.

Ахмети иако не кажува датум, додава дека кога ќе биде продолжена седницата за уставни измени, на истата ќе бидат изгласани измените.

„Еве ви кажувам ексклузивно, но не ви кажувам датум. Собраниската дебата е завршена. Потребно е да се свика седница за гласање, не ви кажувам кога, но во моментот кога ќе биде свикана седницата ЌЕ СЕ ГЛАСА. Кога? Расправата е затворена, Собранието ќе свика наредна седница, само за гласање, рокот за тоа е до пред парламентарните избори. Сега дали ќе има 80 или 120 незнам, јас сакам да има 80 пратеници, Ковачевски сака да гласаат сите 120 пратеници ЗА“, вели Ахмети.