„Претседателот на ДУИ Али Ахмети на коктелот организиран по повод изборот на новиот состав на огранокот на Демократската унија за интеграција во Чаир рече дека ДУИ е нападната од сите страни, бидејќи таа е клучот за функционирањето на државата. Но, тој рече дека ДУИ не се урива толку лесно, бидејќи е структура, која е родена од УЧК и крвта на мачениците.“ – јави информативната агенција на албански јазик „Журнал“.
„Журнал“ пишува: „Додека бевме во коалиција со ВМРО ДПМНЕ СДСМ вршеше страшни напади врз нас, не нарекуваа ВМРО-вска патерица. Се црно се зборуваше за ДУИ. Зошто се прави сево ова? Бидејќи ние бевме и сме клучот, преку нас се уриваа институциите, преку нас функционираше Владата. Денеска ВМРО ДПМНЕ го прави истото. Страшни напади од сите страни против ДУИ. Но, ДУИ не може да се урне, затоа што е структура, која не е родена во салони, или на телевизии. ДУИ е родена од УЧК и од крвта!“ – рече Ахмети.





