„Ако се патриоти и ако си ја сакаат татковината треба да ја поддржат промената на Уставот и Бугарите да бидат уставна категорија, бидејќи македонскиот народ така за првпат меѓународно ќе се легитимира! Ова им го кажував на состаноци и во канцеларии, а еве и овде го кажувам пак. Опозицијата прави дневна политика со негласањето за овие уставни измени. Не беше ставена во прв план целта за зачленување на земјата во ЕУ“ – кажа лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешната партиска средба по повод крајот на оваа 2021 година. Ова го објави телевизијата на албански јазик Шења во информацијата со наслов „Али Ахмети упати повик за обединување околу европскиот фронт“.
Во информацијата Шења дополнува: Затоа, кажа Ахмети, нема поголема услуга кон нацијата од зачленувањето во ЕУ, бидејќи, според него, на овој начин може да се запре иселувањето на младите и да се вратат оние, кои веќе избегале.
„Не правиме есапи за ќебапчиња, туку како да ги направиме Албанците да бидат поважни!“ – оваа порака од речта на Ахмети на партискиот собир во Скопје по повод завршувањето на оваа 2023 година ја пренесува информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
Во својата информација Илирија-ИНА дополнува: „Убеден сум во победата на Европскиот фронт на следните избори. Овој фронт ќе се консолидира заедно со сите, кои ќе му се придружат, а нив не ги има малку.“ – нагласи Ахмети.





