Ахмети: „Со Рама расправавме за дијалогот со Бугарија и очекувањата да се деблокира заедничкиот европски пат“

„Албанскиот премиер Еди Рама се сретна денес со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Во врска со оваа средба Али Ахмети се огласи на фејсбук.“ – објави информативната агенција на албански јазик ИНА во својата информација со наслов „Средба Ахмети – Рама во Тирана: ‘Ти благодарам за се, Еди“.



ИНА ја пренесува објавата на Али Ахмети на фејсбук:
„Со очите кон хоризонтот на перспективата на интегрирањето во ЕУ и со стремеж за продлабочување на соработката меѓу нас, се сретнавме братски денес во Тирана со премиерот на Република Албанија Еди Рама.“

„Во фокусот на нашата средба беше меѓуинституционалната координација за проектите за поефикасно инфраструктурно поврзување меѓу нас, како што се: Коридорот 8, железничката врска вдолж тој коридор, ‘Патот на Арбер’, полесен пристап преку нив кон пристаништето во Драч, заеднички граничен премин, енергетска врска Битола – Елбасан и многу други проекти.“

„Расправавме и за дијалогот со Бугарија и очекувањата за деблокирање на нашиот заеднички европски пат.“

„Како земји-членки на НАТО искажавме вознемиреност, поради ескалирањето на ситуацијата во Украина, осудувајќи го загрозувањето на нејзиниот територијален интегритет и упативме повик за мир и рационален дијалог меѓу страните.“