Ахмети: Со интеграција на Западниот Балкан во ЕУ ретко ќе се соочуваме со дилемите како Велика Албанија

„Запрашан со оглед на тоа што одвреме-навреме се отвора темата за создавање Голема Албанија и дали тој верува дека некогаш може да има Голема Албанија, каде што сите Албанци би живееле во една држава, Ахмети изјави дека веќе се зборува за подобар стандард на живеење, од Стокхолм до Атина.“ – одговори лидерот на ДУИ Али Ахмети на прашање на хрватскиот дневен лист „Вечерни лист“, пренесува информативната агенција на албански јазик „Журнал“.

„Зборуваме за Европа без граници, од Стокхолм до Атина без граници, зборуваме за Европа дома, зборуваме за слободно движење на граѓаните, подобар животен стандард, подобро здравје, образование… итн. Верувам дека со интеграција на целиот регион на Западен Балкан во европското семејство, во иднина ретко ќе се соочуваме со вакви дилеми. Во една голема Европа и обединети сите ние ќе бидеме големи“ – ова беше одговорот на Али Ахмети на тоа прашање од интервјуто за „Вечерни лист“.