Ахмети: „Со бојкот и блокади на Собранието не се оди напред – споменикот во Слупчане е согласно со законите“

„Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска пред медиумите ги коментираше најавите за блокада на Собранието од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека бојкотот и блокадите не служат за придвижување, додавајќи дека може да има средби на важни теми за државата. ‘Бојкотот и блокадите не ни служат да одиме напред. Нема ништо лошо што се одржуваат средби, но за одредени теми може да се направат важни разговори поврзани со напредокот на политиките на државата.’ – рече Ахмети.“ – јави ТВ Алсат.

ТВ Алсат пишува: „Лидерот на ДУИ се произнесе и во врска со многубројните критики околу споменикот на ОНА во Слупчане, велејќи дека тој е изграден согласно со законските процедури и стандарди. ‘ Се е во редовните процедури, согласно со домашните закони и нема ништо, што е надвор од стандардите и законите.’ – рече Али Ахмети.“