Лидерот на Демократска унија за интеграција
Али Ахмети го одбележа јубилејот 145 години од формирањето на Призренската Лига проект кој се смета за основа на идејата за формирање на Голема Албанија.
,,По повод 145-годишнината од основањето на Призренската лига, претседателот на ДУИ Али Ахмети напиша дека денес со гордост се сеќаваме на еден од тие настани на национално единство – Лигата на Призрен од 1878 година, продолжението на Договорот од Лежа и на Скендербег што ја одреди судбината на нашето национално опстојување во клучни моменти”, пишува во официјалната објава на ДУИ.
Според предлогот на Призренската лига голем дел од Македонија треба да бидат дел од териториите контролирани од Албанците.
,,Корените на нашиот национален идентитет останаа недопрени благодарение на заветите и националниот отпор што ги обедини просветлените глави на нацијата и пушките на храбрите за слободата на албанските земји.
Денеска со гордост се сеќаваме на еден од оние настани на национално обединување – Призренската лига од 1878 година, продолжението на Скендербеговиот договор од Лежа кој ја одреди судбината на нашето национално постоење во решавачките моменти.
145 години подоцна, жив е духот на оваа поврзаност и патриотските наредби на нејзините водачи, неоспорен водич на денешното национално единство”, стои во објавата на ДУИ.
Објавата на ДУИ за настан кој испраќа сигнал за повампирување на идејата за Голема Албанија доаѓа откако ВМРО-ДПМНЕ побара ДУИ да замине во опозиција како предуслов за формирање на влада на македонско национално единство.
Радикализацијата на Ахмети и ДУИ кои слават датуми кои можат да предизвикаат размислувања за нови поделби и војни на Балканот може да предизвика тензии во регионот каде се уште има соништа за големи држави.






