Претседателот на Демократската Унија за интеграција, Али Ахмети вели дека порано, високи функционери му нуделе поделба на Македонија врз етнички линии, но дека тоа го одбил.
Тој во интервју за „ABC News“ Албанија изјави дека неговата партија нема да прави коалиција со ниту една друга албанска или македонска политичка партија и на изборите ќе излезат сами.
„Секоја поделба на оваа земја ќе биде штетно, многу штетно за Албанците, но и за Македонците. Оти не може да се поделат работите како со нож. Ќе имаше малцинства и таму и ваму. Ќе се отвореа нови рани. Ние не прифативме поделба на Македонија.
Јас сум им кажал и на македонските политичари дека оваа држава е моја, колку што е и нивна. Сакам да ги имаме нашите симболи и јазик. Ние ги постигнавме овие цели. Имаме универзитет, јазик во Собрание и институции и наши симболи“ ,истакна Ахмети.
„Така можеме да ја изградиме Македонија посилна. Но, не тие како мајстори и јас како кираџија“, вели Ахмети.




