Ахмети: Разговараме за Алијанса во Влада, ќе видиме каков ќе биде епилогот

На новинарско прашање за можноста Алијансата за Албанците да и се приклучи на владината коалиција, лидерот на ДУИ Али Ахмети вели дека и тој и премиерот Димитар Ковачевски се во разговори, но, како што посочи, уште е рано да се зборува за некаков епилог.



За вчерашѓната средба во партиското седиште во Мала Речица која траела 11 часа вели:

„Беше отворена и оваа тема. Средбите со нивни претсавници ги остварив јас. Ги има остварено и Ковачевски со Таравари. Ќе видиме каков епилог ќе има од разговорите што ќе се реализираат меѓу двете страни. Се уште не е разговарано за детали, тоа е тековен процес. Ние, како Албанци имаме потреба за поголемо единство, да бидеме малку поорганизирани во насока на оставурање на мисијата, рече тој.