Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, упати критики од Албанија за рускиот претседател Владимир Путин и за неговата земја за воената интервенција во Украина.
„Сите сме заинтересирани да се најде решение што е можно поскоро и да се затвори овој болен случај во Украина. Најдете решение за прекинот на огнот и отворете го патот за дијалог, мир и оставете ги Украинците слободно да одлучуваат за својата судбина. Би рекол дека претседателот Путин и Русија треба да се чувствуваат одговорни затоа што како велесила ја нарушуваат волјата на еден народ и тоа треба да ги засрами. Колку побрзо се повлечат, толку подобро ќе биде и за Русија, и за Европа. Мислам дека рускиот народ има колективна одговорност да не дозволи да потрае оваа безмилосна војна што се случува во Украина и да ѝ стави крај на оваа инвазија што е можно поскоро“, порача Ахмети од Валона, каде што присуствуваше на промоцијата на книга „Косовска тријада“ од авторот Бедри Ислами.






