Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска со ретка видео порака на македонски јазик го честиташе празникот Свети Кирил и Методиј.



„Во духот на мултиетничкото оопштество во кое заедно живееме, да се потсетиме на овој важен ден дека заеднички ја преземаме обврската да ја зачуваме, негуваме и унапредиме меѓународната артикулација на македонски јазик на ист начин како што тоа го правиме и за посебноста на македонскиот идентитет“, вели меѓу другото Ахмеети во честитката по повод Денот на сесловенските просветители.