Ахмети повика на обединување на сите Албанци во Македонија во „историската мисија“ на фронтот ‘Сите за Европа“!

„Се наоѓаме пред важна историска мисија и Албанците треба да бидат заедно’ – овој повик го упати лидерот на ДУИ Али Ахмети од Гостивар.“ – објави ТВ 21.

ТВ 21 пишува: Како што кажа Ахмети, ова обединување на Албанците треба да се случи под чадорот на фронтот „Сите за Европа“ и има за цел зачленување во Европската Унија.



Лидерот на ДУИ од Гостивар и упати порака на „Огнената група“ во партијата, која еден ден претходно од нејзиниот собир во Скопје ја критикуваше сегашната политика на „интегристите“.

Ахмети оцени дека „Огнената група“ е „мало огинче“.