Лидерот на ДУИ потврди дека Груби бил преведувач во „Жолтата куќа” за која има истрага која може дел од раководството на УЧК да го однесе во Хаг.
Пет дена откако албанската опозициска Демократска Партија обвини дека првиот вицепремиер Артан Груби а не лидерот на демократите Љуљзим Баша бил „Жолтата куќа” каде се ваделе органи од заробеници, лидерот на ДУИ, Али Ахмети во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 изјави дека улогата на Груби била само како преведувач и ништо повеќе од тоа.
„Груби беше преведувач и тој ја објасни целата ситуација во жолтата куќа. Секако, јас знаев за неговата работа. Тој има работено и како преведувач и службеник и во седиштето на НАТО во Скопје“, рече Ахмети.
Тој додаде дека Груби бил само преведувач кој преведувал додека се правеле интервјуа со одделни сведоци за улогата на „Жолтата куќа“ за време и по конфликтот во Косово.
“Тој работеше како преведувач и службеник во седиштето на НАТО во Скопје. Беше преведувач и на Холандската амбасада во Скопје, но беше преведувач и на Хашкиот трибунал, 7 или 8 години. Откако се врати од Хаг продолжи да работи во НАТО и Холандската амбасада во Скопје”, изјави рече Ахмети.
Ахмети вели дека не му е пријатно затоа што смета дека со изјавата на албанската Демократска партија се напаѓа мисијата на тогашната ОНА која се бореше за права и слобода на Албанците во Косово. За ова злосторство против човештвото прв пат проговори екс хашката обвинителка Карла Дел Понте во своја книга во 2008 година а случајот освен српското обвинителство го истражуваше и специјалниот истражувач на Советот на Европа Дик Марти.
Опозицијата во Тирана тврди дека Артан Груби бил преведувач во „Жолтата куќа“






