Ахмети порача од Тропоја, од Албанија: Од 28 јануари 2024 ќе има премиер-Албанец во Македонија

„Од 28 јануари 2024 година ќе има премиер-Албанец во Македонија. – кажа синоќа  лидерот на ДУИ Али Ахмети во својата реч на церемонијата на неговото прогласување како „Почесен граѓанин“ на градот Тропоја во Албанија. Ова го јави ТВ Клан Македонија



Во својата вест ТВ Клан Македонија дополнува: Со ова Ахмети најави дека ќе биде спроведен коалицискиот договор на неговата партија ДУИ и СДСМ во следната 2024 година земјата да има прв премиер-Албанец.