Под овој наслов вчера беше промновирана книгата во два тома каде се пишува за отпорот на Албанците против Југославија.
Покровител на двотомното издание е лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој кога излезе да зборува, призна дека не ја прочитал, но од тоа што го слушнал, во оваа книга се, сите вистини за Албанците од екс-Југославија, објави ТВ21.
„Генералите кои ни предаваа од Албанија ги знаеја и гнездата на ластовичките во касарните на Југославија и ние ги знаевме сите ластовички-соработници на УДБА, кои се и секој што леташе на секој аеродром во Европа во тек на 24 часа, знаевме каде е и што прави“, рече Ахмети.
Историчарот и еден од авторите на книгата, Скендер Асани рече дека тоа што го сработиле има за цел изнесување на историските вистини, како и спречување историски манипулации.
Уредникот на книгата Емин Аземи потсети дека Албанците биле единствен народ во Европа со негирани права, индивидуални и колективни, кои се соочувале со добро организирана држава.
-Нерешавањето на албанското прашање во Југославија беше причина за формирање илегални организации, групи, а илегалното организирање беше причината. Недостигот од праведно решение за Албанците во Југославија изнесе на виделина и еден тивок но многу моќен антагонизам во политиката-вели Аземи.
Освен Скендер Асани, други автори на книгата се Севдаиљ Демири, Миљаим Фетаи и Бесник Рамети.






