Ахмети пак ги понижи САД и Стејт Департментот на САД

Само еден ден откако официјален Вашингтон јавно побара македонските лидери да не се мешаат во правосудството лидерот на ДУИ Али Ахмети пак ги понижи САД и Стејт Департментот на САД.



Откако предходно Ахмети ги понижи САД со непреземање на никакви мерки против Рамиз Мерко кој беше ставен на црната листа на Стејт Департментот за корупција, сега Ахмети отиде директно контра барањето на Америка.

Двсесет и четири часа откако Вашингтон побара да нема мешање на македонските лидери во правосудните работи Ахмети изјави дека разговарал со државниот обвинител Љубомир Јовески за случаи поврзани со негови блиски роднини и сопартијци за кои има сериозни индиции за криминал и корупција.

Како лидер на политичка партија Ахмети нема никаква институционална можност, причина ниту право да контактира со државниот обвинител и јавното обвинителство освен ако самиот не е предмет на прогон или е сведок во постапка, велат извори во Јавното обвинителство кои се сомневаат дека Ахмети му се заканил а не дека му дал поддршка на државниот обвинител.

Со комуникацијата која Ахмети признава дека ја имал до Јовески а која засега е тајна во однос на времето, начинот и вистинските причини тој признава дека врши притисок врз обвинителството.

Со изјавата Ахмети покажува дека кога сака како моќна политичка фигура може да му се јави или да се сретне со Јовески и да му каже што да прави со јавнообвинителски предмети и случаи на корупција и криминал.

Само малкумина веруваат дека во ситуација кога Јовески без гласот на ДУИ во собранието може да стане уставен судија Ахмети навистина го убедувал дека треба да ги гони неговите внуци, роднини и сопартијци.

Она што е сосема реално е дека Ахмети на Јовески му рекол да почне некаква истрага со цел по предистрагата да бидат ослободени сите негови блиски луѓе ако сака да биде избран за уставен судија.

,,Борбата против корупцијата во Западен Балкан е главен приоритет на администрацијата на Бајден. САД ќе продолжат да поддржуваат влади, партнери од граѓанското општество, независни медиуми и граѓани во борбата против организираниот криминал, искоренувањето на корупцијата, зголемувањето на транспарентноста, спроведувањето на одговорноста и дополнително зајакнување на владеењето на правото и демократските институции, изјави портпарол на Стејт департментот.

Во изјавата, како што пренесе Гласот на Америка на македонски, стои дека „ лидерите на С. Македонија мора да покажат силни, опипливи резултати во борбата против корупцијата, преку зајакнување на институционалната независност и ограничување на политичкото мешање, особено во судството, што е од суштинско значење за исполнување на целите за пристапување во ЕУ и градење доверба на граѓаните во владата“.

Само еден подоцна Ахмети директно го прекрши барањето на САД и се пофали дека лично остварил политичко мешање во обвинителството каде негов човек е и првиот човек во ЈО за организиран криминал.

За скандалозната изјава на Ахмети засега нема реакција на американската амбасада во Скопје, министерството за правда кое го води кадар на Алијанса за Албанците или јавното обвинителство.