Ахмети оптимист: Ако не во јуни, датум во септември

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, оптимист и покрај се попесимстичките сигнали дека нема да има датум за преговори со ЕУ во јуни.



„Ако не се случи во јуни ќе се случи во септември, но многу важен процес е и треба да работиме во правец на забрзување за спроведување на стандардите кои не доближуваат до ЕУ, особено владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата“, изјави Али Ахмети.