Ахмети очекува добри вести од Софија

Во синоќешото гостување на на ТВ 21 лидерот на ДУИ Али Ахмети рече дека надминувањето на недоразбирањата меѓу Бугарија и Македонија двете земји е прашање на време но и дека тој очекува до крајот на годината да има добри вести од Софија во врска со спорот.



„Не мислам дека е време да споделувам со јвноста за понудите или последните документи кои се разменети, ќе почекаме да ја видиме реакцијата од Бугарија“, рече Ахмети.

„Османи е доста активен, очекувам да има резултат. Многу важен момент е за да демонстрира пред сите граѓани, особено пред нашите сожители Македонци, дека ги делиме доброто и лошото, дека ќе стоиме рамо до рамо заедно, и во решавање на овој спор. Ова е клучен историски момент да се види дека оваа земја има министер за надворешни работи и за работата што ја сработи и за зрелоста, му честитам“, рече Ахмети, кој истакна дека за двете страни, и за Бугарија и за Македонија, приоритет треба да е иднината, а не минатото. 360 степени